Вујовиќ: Дадовме 35 гола со десет различни играчи, тоа е доказ за нашата сила во нападот

Веселин Вујовиќ со право е задоволен по својата прва победа во ЛШ по враќањето на клупата на Вардар, апсолутно заслужена откако „црвено-црните“ денеска го преслушаа Брест Мешков со 35-28.

Тимовите на Вујовиќ вообичаено низ годините ги одликува цврста одбрана, но вечерва ефикасниот напад беше рецептот за успех против белорускиот шампион.

„Десет различни играчи постинаа голови, тоа е најдобар доказ за нашата сила во нападот. Покажува дека имавме баш шутерски ден, но да бидам искрен постихнати 35 гола, реално, не се одлика на нашиот стил на игра. Јас се плашев од овој натпревар, бидејќи знам каква екипа е Мешков Брест. Од голема помош на почетокот ни беа одбраните на Томовски, атмосферата на трибините и тоа ни помогна да стинеме до удобна предност.  Кога Мешков Брест почна со зоната 5-1 во одбрана во вториот дел, не сакав да играм со браќата Њокас бидејќи уште не се воиграни како што треба, па ете измислив решение некако со Дибиров на среден бек. Морам да потенцирам дека тие имаат многу повредени играчи, ние ја искористивме таа ситуација, им посакувам се најдобро во иднина“, изјави Веселин Вујовиќ.

Се вчитува...