Вујовиќ: Вардар со титулата го спаси ракометот во Македонија

Веселин Вујовиќ не крие дека секогаш ќе го носи Вардар во срцето, а во интервју за босанскиот весник „Ослобоџење“ искусниот стратег говореше со најголеми суперлативи за „црвено-црните“. Воедно, Вујо Мајсторе смета дека со освоената титула во Келн „вардарци“ успеале да го спасат ракометот во Македонија.

„Јас сум шокиран што се може да се случи во спортот. Слушаме приказни дека играчите не примиле плата три, шест, дури и 21 месеци. Колку и да е долг тој период без пари, да се создаде таа хемија во екипата, да играш знаејќи дека е крај – тоа е неверојатна работа, но и апсолутно заслужен успех. Воедно, со тоа беше спасен и ракометот во Македонија, кој да знае што ќе се случуваше ако не стигнеа до титулата. Вака, се појавија нови спонзори, реагираше и владата, значи целата приказна имаше позитивен ефект. Вардар е македонски бренд и заслужува да го држи приматот“ – истакна Вујовиќ.

Селекторот на Словенија се осврна и на ждребот за ЕВРО 2020, на кој македонската репрезентација имаше многу среќа добивајќи ги за ривали Чешка, Австрија и Украина.

Македонија имаше многу среќа што се најде во таа група. Македонците го минаа периодот на подмладување, знаеме дека Лазаров се уште е носител на играта, но имаат и ракометари кои добро се испрофилираа како Манасков, Кузмановски, Талески“ – прокоментира Веселин Вујовиќ.

Се вчитува...