Вујовиќ во елемент: Хрватите се препотентни, мислат дека се подобри од соседите

Веселин Вујовиќ при слетувањето на аеродромот во Загреб од Франција, пред враќањето во Словенија, како одговор на прашање на хрватските новинари истакна дека доколку се поклопат коцките би можел во иднина да седне на клупата на оваа селекција. Сепак, по враќањето назад во Љубљана словенечкиот селектор ја „смени плочата“, па јавно ги критикуваше Хрватите поради нивниот пристап.

Хрватите во спортот се многу препотентни, убедени се дека се подобри од соседите, ова особено се однесува на Словенците, кон кои не се гледа со доволна почит. Токму затоа оваа победа беше толку слатка. Знам дека хрватските фанови сакаа јас да бидам селектор, но таа одлука ја донесуваат некои други луѓе, а не навивачите. Тоа и не е толку важно, бидејќи јас се чувствувам како „Јанез“ и воопшто не размислувам за заминување од Словенија“ – истакна поранешниот македонски селектор и тренер на РК Вардар.

Раководството на Хрватската Ракометна Федерација за денеска закажа состанок на кој се очекува отказ да добие селекторот Жељко Бабиќ, посочен како главен виновник што „коцкестите“ останаа без медал на овој мундијал.

Се вчитува...