Вујовиќ во Република Српска ја славеше големата победа на Хрватска (видео)

Ретко кој може да собере храброст за да навива за Хрватска и да слави триумф на „коцкестите“ во Република Српска, но Веселин Вујовиќ е исклучок и од ова правило.

Ракометната легенда на поранешна Југославија со тимот на Загреб се наоѓаше во Бања Лука, каде играше пријателски меч со Борац, по што со своите играчи го проследи трилер-дуелот меѓу Хрватска и Норвешка. Јасно е за кого се навиваше, потоа и еуфорично се прославуваше, а кога од полицијата им беше препорачано со патрола да бидат следени до хотелот за нивна сигурност, Вујовиќ во свој елемент одговори.

„Искрено, не верувам дека ни треба полиција да не штити во Бања Лука“.

Се вчитува...