Вујовиќ за ЕКИПА: Разговарав со Михајло за ситуацијата во Вардар

Веселин Вујовиќ, без сомнение, е најпосакуваното име меѓу вардаровите навивачи за наследник на Шпанецот Роберто Гарсија Парондо на клупата на Вардар. Во домашната спортска јавност веќе интензивно стартуваа шпекулациите за новото тренерско име, посебно во ситуација кога и тоа како може да се очекуваат и промени во сопственичките структури на клубот по најавата за заминување на Сергеј Самсоненко.

Популарниот „Вујо мајсторе“, во изјава за ЕКИПА, вели дека досега никој од Вардар не контактирал со него за тренерската функција но имал разговори со почесниот претседател на клубот Михајло Михајловски околу целокупната ситуација по најавата за повлекување на Русинот.

„Никој не разговарал со мене околу тоа да се вратам во Вардар. Единствено разговарав со Михајло Михајловски околу ситуацијата во клубот кога Русинот Самсоненко најави повлекување од Вардар“ – вели Вујовиќ за ЕКИПА.

Веќе не е тајна дека во тек се разговорите предводени од Михајло Михајловски за формирање нов спонзорски тим на клубот кој би го задржал квалитативното ниво на кое во моментов се наоѓа Вардар. Во таа насока, добро познато е дека еден од најпопуларните европски тренери Веселин Вујовиќ е желба и на „Комитите“ за враќање во црвено-црните редови.

Се вчитува...