Хрватскиот ППД Загреб ги почна тренинзите на отворено во очекување на продолжувањето на спортските активности. Тренерот Веселин Вујовиќ не може да биде со нив поради се уште актуелната изолација, но тоа на популарниот Вујо не му смета да даде свое мислење околу последните одлуки на ЕХФ за завршниот турнир во Лигата на шампионите.
ЕХФ на зелена маса ги одреди четирите екипи кои ќе играат на Ф4 турнирот во Келн во декември оваа година…
„Повторно ќе ме казнат, ако нешто кажам… Но, ете, јас си очекував ЕХФ да ја донесе најглупавата можна одлука. ЕХФ и јас долго немаме никаков заеднички јазик. Им го одзедоа правото на клубовите, кои вложувале во текот на годината, да се изборат за дојдат до завршница. Тоа е линија на помал отпор. Донесоа одлука во корист на четири најбогати клубови. Со декрет одлучуваат и кога ќе се игра СП и кој ќе оди на СП, и околу ова мислам дека ќе има многу реакции“ – вели Веселин Вујовиќ, дополнувајќи дека му е жал што не може на тренинзи со својата екипа.
„Жал ми е што не сум со екипата, едвај чекам да дојдам во Загреб. Во Србија се зборува дека спортските тренери ќе можат порано да излезат од државата ако имаат ангажмани. Секако, ќе треба да знам дали треба да сум тестиран, дали потоа ќе бидам во карантин во Хрватска… Има многу нешта да се средат“ – дополнува популарниот Вујо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА