Вујовиќ за шокантната одлука на ЕХФ – Апсурдно, знаев дека ќе направат некоја глупост

Европската ракометна федерација поради пандемијата од коронавирусот донеса низа на контроверзни одлуки. Одлучија да ги поништат бараж натпреварите за Светското првенство во Египет, а ја поништија и целата нок-аут фаза во Лигата на шампионите, а на Ф4 турнирот во декември ќе играат четирите најдобри од групната фаза тоа се Кил, ПСЖ, Барселона и Веспрем.

„За мене тоа е апсурдна одлука, бидејќи пред се до Ф4 голем дел од ракометарите ќе ја променат средината. Сагосен е ракометар на ПСЖ, но во декември ќе биде дел од Кил, тоа нема врска со здравиот разум. Нека направат нешто добро за ракометот. Јас реков и пред да биде донесена одлуката, дека очекувам да биде некоја тотално глупа“, изјави Вујовиќ. 

Поради ваквиот развој на настаните Македонија нема да биде дел од СП во 2021 година, а Вардар нема да има шанси да ја брани титулата во Лигата на шампионите освоена минатата година.

Се вчитува...