Вукас: Хајдук е фаворит на мечот со Ренова, но мора тоа да го покажеме и на терен

Прволигашот Ренова утре на домашен терен го пречекува хрватскиот Хајдук во второто коло од квалификациите за годинашното издание на Лигата  на Европа. Тренерот на хрватскиот гигант Хари Вукас вели дека Хајдук е фаворит, но мора тоа да го покаже и на теренот.

„Веќе неколку пати доаѓам во Македонија. Морам да ја поздравам големата гостољубивост на луѓето во Македонија. Навистина тука има многу навивачи на Хајдук и тоа ми е посебно мило. Ние сме фаворити на овој меч, но тоа мора да го покажеме и на теренот. Ги знаеме и добрите и лошите страни на Ренова. Ренова е тим која сака да игра фудбал и да се надигрува Мора да наметнеме наша игра уште од почетокот и да покажеме на терен дека сме фаворити. Подготвени сме на се“, Вукас.

Младинскиот репрезентативец на Македонија Јани Атанасов вели дека е среќен што ќе игра меч во Македонија и се надева дека Хајдук ќе се пласира во третото коло.

„Мило ми е што играм во Македонија. Се надевам дека ќе биде убав натпревар. Наша цел е  да победиме. Се надевам дека ќе биде добар натпревар и со победа ќе се вратиме во Сплит“, изјави Атанасов.

Натпреварот меѓу Ренова и Хајдук во второто квалификациско коло од Лигата на Европа ќе се игра утре на „Петар Милошевски“ со почеток во 15:30 часот.

Се вчитува...