Вукас: Сами сме виновни што натпреварот отиде во неизвесна завршница

Хрватскиот Хајдук ја совлада Ренова со 0-1 во натпреварот од второто коло во Лигата на Европа. Тренерот на „белите“ од Сплит, Хари Вукас вели дека сами се криви што дозволија натпреварот да отиде во неизвесна завршница.

„Прво да им честитам на момците. На крајот моравме грчевито да ссе бориме за победата, а за тоа сме сами криви. Бидејќи претходно не ги искористивме нашите шанси. Знаевме од каде одат шансите на Ренова и кој е нивни најдобар фудбалер. Не искористивме шанси и на крајот тоа можеше многу да не чини“, изјави Вукас. 

Хајдук во третото коло од квалификациите за Лигата на Европа ќе се сретне со подобриот од мечот Нефчи-Галатасарај.

Се вчитува...