Вуков се враќа на патеките: Стартува сезоната во „Порше Карера 911 Купот“

Еден од најдобрите македонски автомобилисти, Ристо Вуков веќе се подготвува за враќање на трките изминатите неколку дена реализирајќи ги неопходните тестови пред стартот на новата сезона на патеката во Краљево, Србија. За Вуков ова е загревање пред почетокот на возбудувањата во Порше Карера 911 Купот 2020, каде го очекува дебитантската сезона.

Македонскиот автомобилист зад себе има одличната сезона 2019 во која ги освои македонската и српската титула, а настапи и на престижната трка „Галф 12“ што се одржа Јас Марина, во Абу Даби.

„Поради пандемијата се беше пролонгирано, па така и почетокот на новата сезона, во која очекувам солидни резултати на меѓународната сцена, како и повторуваме на успехот на домашната. Се надевам дека е дојдено времето да го реализирам мојот потенцијал, а воедно сум пресреќен што ќе настапувам во силно и ценето натпреварување, Порше Карера 911 Купот. Изминативе денови бев во Краљево, каде имаше track day, што беше подготовка за почетокот на натпреварувачката година 2020. Се чувствувам одлично, во добра кондиција сум и со нетрпение чекам да замирисаат гумите на асфалтот“ – вели Вуков.

Стартот на сезоната 2020 во Порше Карера 911 Купот, е закажан за 19. јуни.

Се вчитува...