„Вулканот“се запали: „Ако одам во Битола“ од грлата на илјадници „Чкембари“ (ВИДЕО)

Битола повеќе од една деценија чека нова шампионска титула во мак-ракометот, па сосема разбирлива е еуфоријата што владее во „градот на конзулите“ во пресрет на денешното дерби со Вардар.

Салата е исполнета до последно место на повеќе од еден час пред почетокот на мега-пресметката со „вардарци“, а меѓу присутните битолчани дојде до ерупција од воодушевување кога во салата беше пуштена песната „Ако одам во Битола“.

Слушнете како звучи оваа легендарна македонска мелодија од грлата на илјадници битолчани…

Се вчитува...