Вулверхемптон се проби до место што води во Лига Европа

Вулверхемптон беше сигурен на домашен терен совладувајќи го Кристал Палас со 2-0 во вечерниот термин од Премиер – лигата. „Волците“ со овој триумф се пробија на шестата позиција на табелата со 59 бода, еден повеќе од Тотенхем, а во пресрет на последното коло од англискиот шампионат.

Даниел Поденс во 41.минута успеа да го пробие бедемот на Кристал Палас на овој меч. Во вториот дел, Џони во 68.минута го потврди триумфот на домашниот состав.

Се вчитува...