Вувузели пред хотелот на Португалија, Иранците го налутија Роналдо (видео)

Иран има историска шанса со победа над Португалија да се пласира во осминафиналето од СП, па фановите од оваа земја не бираат средства за да им помогнат на своите избраници. Така, десетина ирански навивачи минатата ноќ ја минаа пред хотелот на португалската репрезентација, со вувузели создавајќи огромна бука доцна во ноќта.

Португалците беа бесни, па и Кристијано Роналдо се појави на прозорецот за да побара малку мир за да се одмори. Нормално, Иранците не го послушаа туку станаа уште погласно, но прашање е колку е паметно да се налути Роналдо пред клучниот натпревар, неговата одмазда на теренот може да биде безмилосна.

Се вчитува...