За 4,9 милиони долари: Продаден дресот на Пеле од финалето 1958 година

Дресот со број 10 што го носеше легендарниот бразилски фудбалер Пеле во финалето на Светското првенство во 1958 година е продаден за 4,9 милиони долари, објави денес аукциската куќа „Сотби“.

Пеле, кој почина во 2022 година, имаше 17 години кога постигна два гола во победата на Бразил од 5-2 над домаќинот Шведска на стадионот „Расунда“. Пеле му го подари овој рачно изработен дрес на својот цимер и соиграч Диди по финалето.

Дресот останал во сопственост на семејството на Диди со децении пред да биде сместен во бразилски музеј, а конечно бил купен во 2004 година.

„Сотбис“ изјави дека дресот што го носи бразилската ѕвезда е вториот највреден фудбалски дрес што некогаш е продаден. Дресот „Божјата рака“ на Диего Марадона беше продаден во 2022 година за 9,3 милиони долари.

Претходниот највреден предмет од колекцијата сувенири на Пеле беше колекционерска картичка од 1958 година, која беше продадена за 976.000 долари минатиот месец, соопшти аукциската куќа.

Се вчитува...