За Австријците сме последната коцка во мозаикот за ЕП

ЕКИПА во Виена,

Никола Ѓуровски

Потребен им е само еден бод за да го осигураат пласманот на ЕП 2020. Сепак, внимателни се и со респект гледаат кон Македонија, иако славеа убедливо (1-4) на првиот натпревар во Скопје. Франко Фода и неговите избраници гледаат на македонскиот национален тим како последна коцка од мозаикот за Европското првенство.

„Сите знаат дека работата не е завршена и дека треба да бидеме внимателни. Мотивите се максимални, пред целта сме, но треба да влетаме со полна брзина. Ова е нашата последна коцка од мозаикот. Македонија не е наивна селекција, не треба да не залажува убедливиот триумф од првиот натпревар. Тие знаат да одиграат навистина квалитетно и тоа го правеа на голем број натпревари во овие квалификации. Подготвени сме, размислуваме само за победа иако знаеме дека математички и бод ни ја носи среќата“, вели селекторот на австрискиот состав, Франко Фода.

Медиумите се речиси сигурни дека Австрија ќе ја оствари целта. Дури и да не го стори тоа вечерва на „Ернст Хапел“, потоа им следи дуелот со Летонија, најслабата селекција во групата.

Се вчитува...