За да го купи Џејдон Санчо, Манчестер Јунајтед ќе треба да ги урне трансфер-рекордите во Англија

Борусија Дортмунд бара огромни 130 милиони евра за Џејдон Санчо и оваа сума го плаши дури и Манчестер Јунајтед. Германскиот тим кој отворено призна дека и покрај огромниот и неспорен фудбалски талент, Санчо некогаш е тешок за справување надвор од теренот, нема да ја отфрли можност да профитира со продажбата на еден од играчите кој во моментов се во фокусот на трансфер математиките.

Манчестер Јунјтед кој особено пред коронакризата, но и за време на неа беше прв претендент за купување на Санчо, а британските медиуми тврдеа дека клубот и англискиот репрезентативец веќе и се договориле, стравува од ваков рекорден трансфер со оглед на неизвесноста што пандемијата ја однесе во фудбалскиот свет. Ако го направи овој договор, Јунајтед ќе го урне премиерлигашкиот рекорд за трансфери.

Џејдон Санчо кој е производ на Манчестер Сити, во 2017 година направи трансфер во Борусија Дортмунд и доживеа неверојатен прогрес во кариерата  и со тоа стана играч за кој многу се зборува особено во периодите пред и за време на трансфер прозорците.

 

Се вчитува...