За два дена продадени 15.000 билети за мечот Милан – Шкендија на „Сан Сиро“

Шкендија дефинитивно ќе ја чека преполн „Сан Сиро“, со исклучок на оние места од 5% од вкупниот капацитет загарантирани за гостите, на првиот натпревар од плеј-оф рундата за групите од Лигата на Европа против Милан на 17. август.

Според официјалната информација од канцеларијата на Милан, за само два дена откако се пуштија во продажба билетите за мечот продадени се 15.000 билети.

print za milan

Од Милан очекуваат повторување на посетата од претходниот натпревар во ЛЕ на италијанскиот клуб кога против Крајова на „Сан Сиро“ беа 67.000 навивачи. Тоа беше всушност и рекорд по број на посета во историјата на УЕФА на еден од натпреварите во квалификации за Лигата на Европа.

Од денеска и Шкендија ги пушти во продажба билетите за реванш дуелот кој на 24. август ќе се игра на „Телеком арената“ во Скопје. Билетите се со популарни цени од 400 до 1.000 денари.

Се вчитува...