Лајпциг и Борусија Дортмунд ја продолжуваат жестоката битка за четвртата позиција во Бундеслигата која обезбедува учество во Лигата на шампионите следната сезона. Во 29. коло од шампионатот и Лајпциг и Борусија Дортмунд запишаа значајни победи.
Лајпциг на домашен терен триумфираше со 3-0 против Волфсбург во натпревар во кој македонскиот репрезентативец Елиф Елмас повторно, како и на претходните дуели, одигра едвај десеттина минути вклучувајќи го и судиското продолжение.
Лајпциг до победата дојде со головите на Олмо во 13. минута, Шешко во 68. минута и Опенда во 82. минута. Елмас во игра влезе во 86. минута на местото на стрелецот Опенда.
🇩🇪 Goal: Openda | RB Leipzig 3-0 Wolfsburg
pic.twitter.com/S8qAFCFZZu— 20 Sport (@20__sport) April 13, 2024
Борусија Дортмунд, пак, со 1-2 победи на гостувањето против Менхенгладбах. Се на дуелот беше решено во првото полувреме. Сабицер во 22. и во 28. минута донесе 0-2 за Дортмунд, а домашните погодија преку Вобер во 36. минута.
Баерн Минхен го победи Келн со головите на Герего во 65. минута и Милер во 92. минута.
БУНДЕСЛИГА – 29. КОЛО
Менхенгладбах – Борусија Д. 1-2
Лајпциг – Волфсбург 3-0
Баерн Минхен – Келн 2-0
Бохум – Хајнденхајм 1-1
Мајнц – Хофенхајм 4-1
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА