За Федерер нема дилема: Ѓоковиќ ќе го освои УС Опен, тоа е „зицер“

УС Опен се ближи до својот крај, а засега се оди според планот – Ѓоковиќ и Алкараз стигнаа до полуфиналето и треба да победат уште на по еден меч за да закажат нова епска пресметка, по извонредните дуели што ги имаа на Ролан Гарос, Вимблдон и во Синсинати.

За Роџер Федерер сепак нема дилема околу тоа кој ќе го освои УС Опен, швајцарскиот тениски великан типува за Ѓоковиќ.

„Би се обложил на Новак Ѓоковиќ. Не се сомневам дека тој ќе го освои УС Опен, тоа е зицер, сигурен облог“, изјави Федерер во интервју за американските медиуми.

Мора да се истакне и дека негов тип беше во женска конкуренција да триумфира Ига Швијонтек, но првата носителка беше елиминирана откако неочекувано загуби од Јелена Остапенко.

Се вчитува...