За Федерер ривалството со Надал е посебно и најголемо

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер истакна дека ривалството кое го има со Рафаел Надал е поголемо од тоа со Новак Ѓоковиќ.

„Тоа што го направи Ѓоковиќ во последните десет години е импресивно. Тој е еден од најдобрите тенисери на сите времиња. Има квалитети исто како и Рафа. Не знам против кого ми е потешко, но можам да кажам дека поради должината на нашето ривалство со Надал е посебно. Секако и двајцата ме направија подобар бидејќи ме тераа да вадам максимум од себе“, изјави Федерер. 

Федерер и Надал ќе играат во февруари во Кејптаун на кој се очекува да присуствуваат 55.000 гледачи со кој ќе се урне рекордот за најпосетуван тениски меч во историјата.

Се вчитува...