За Инсиње нема дилеми – Сари е предавник

Фудбалерот на Наполи, Лоренцо Инсиње вели дека во новата сезона ќе има мотив повеќе да го победи Јувентус, бидејќи на клупата на тимот од Торино ќе седи Маурицио Сари. Сари во Јувентус дојде по само една година помината во Челси.

Пред Челси тој го водеше Наполи, па затоа некои од фудбалерите од клубот му замерија што го презема италијанскиот шампион.

„Реков веќе еднаш, ќе кажам повторно. Тоа е предавство. И така ќе биде засекогаш. Сега мораме да се фокусираме на самите себе и мораме да победуваме по секоја цена. Тој отиде во Јуве и не сакам веќе да говорам за него. Цел е скудетото и ние ќе се бориме за него“, изјави Инсиње. 

Покрај раководството и фудбалерите на Наполи, Сари е под остра критика и на фановите на Наполи, кои никогаш нема да му го простат предавството.

Се вчитува...