За Јокиќ нема место во првата петорка на НБА-лигата

Никола Јокиќ се соочи со нова неправда при изборот на индивидуални признанија во НБА-лигата, откако за асот на Денвер нагетс немаше место во најдобрата петорка на сезоната во НБА-лигата.

Србинот игра сезона за паметење во која урна бројни рекорди, го води Денвер успешно во плејофот, но и тоа не беше доволно Јокиќ да се најде меѓу петмината кошаркари во идеалната петорка за сезоната 2022/23. Причина – ова е последната сезона во која се гласа според позиција, па така во идеалната петорка мораше да има место само за еден центар, а жирито го избра актуелниот МВП, Џоел Ембид.

Покрај центарот на Филаделфија, дел од првта петорка се уште и Адетокумбо од Милвоки, Тејтум од Бостон, Лука Дончиќ од Далас и бекот на Оклахома сити, Шеј Гилџус Александер.

Јокиќ ја предводи втората петорка на сезоната, во која друштво му прават Стеф Кари, Џејлен Браун, Џими Батлер и Донован Мичел.

Леброн Џејмс е предводник на третата петорка, во која покрај асот на ЛА Лејкерс се наоѓаат и Д’Арон Фокс од Сакраменто, Демијан Лилард од Портланд, Џулиус Рендл од Њујорк и литванскиот центар Домантас Сабонис, исто така од тимот на Сакраменто кингс.

Се вчитува...