„ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА“ – Абрахам влезе во одбрано друштво во Рома

Фудбалерите на Рома стигнаа до тежок триумф на гостувањето во Финска кај Хелсинко од 1-2 во натпревар од 5. коло од Ц групата во второто по ранг европско натпреварување Лигата на Европа.

Стрелец на погодокот за Рома беше Тами Абрахам кој со овој гол влезе во одбрано друштво во историјата на италијанскиот гигант. Со овој погодок тој стана само шестиот фудбалер на „римската волчица“ кој стигнал до бројката од десет во европските натпреварувања.

Претходно тоа им успеа само на Един Џеко, Франческо Тоти, Даниеле де Роси, Мирко Вучиниќ и Антонио Касано.

 

 

Се вчитува...