„ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА“ – Ако сакате титула, земете го Кингсли Коман

Кингсли Коман, играчот на Баерн Минхен е „уникат“ во светскиот фудбал. Крилниот играч на „Баварците“ ја освои својата 11 титула во последните 11 сезони, со што освојува титула во секоја сезона од својата професионална кариера.

Неговиот тим Баерн Минхен со вчерашниот триумф над директниот ривал Борусија Дортмунд, ја освои 10-тата титула по ред. Коман од сезоната 2015-16 ја освојува бундеслигата, две години предходно ја освојуваше Серија „А“ со Јувентус, а во сезоните 2012/13 и 2013/14 беше шампион со тимот на ПСЖ.

Иако неколку пати веќе се шпекулира за негово заминување од таборот на Баерн, сепак, тој и натаму е дел од тимот на „Баварците“, и прави неверојатни успеси.

Се вчитува...