„ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА“ – Ако ти треба победа во финиш, барај го Мбапе

Пари Сен Жермен повторно потешко од очекуваното стигна до победа во француското првенство, откако синоќа славеше над Рен со минимални 1-0.

И повторно, по кој знае „светците“ успеаја во судиското надополнување да стигнат до победа сезонава. Килијан Мбапе повторно беше херојот на тимот од главниот град на Франција.

Тој во судиското продолжение донесе победа што е вкупно шести пат сезонава. Со тоа е најдобар фудбалер по ова прашање во топ 5 лигите на стариот континент.

 

Се вчитува...