„ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА“ – Барса на Чави успеа да направи нешто што не и успевало ни со Пеп, Лучо, Валверде…

Фудбалерите на Барселона одиграа неверојатен натпревар на гостувањето кај Наполи совладувајќи го со 2-4 и со тоа обезбедија пласман во осминафиналето од Лигата на Европа.

За каталонскиот тим ова беше само втор пат да постигне четири гола на гостување во Италија, а прв по нешто повеќе од шеесет години.

Последен пат Каталонците постигнале четири гола на гостински терен кај италијански тим во септември 1959 година против Интер кога славеле со истиот резултат (2-4).

 

Се вчитува...