„ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА“ – Барселона е „пеницилин“ за турските клубови

Барселона славеше со 1-2  на гостувањето кај Галатасарај во реванш натпреварот во осминафиналниот двомеч во Лигата на Европа и се пласираше меѓу осумте најдобри екипи во второто по ранг европско фудбалско натпреварување.

Стрелци на головите за Каталонците беа Педри и Обамејанг. Со овие два гола Барселона стигна до бројката од триесет голови против турските екипи во европските натпреварувања, а во 11 натпревари забележаа само еден пораз и тоа во 1994 година на гости токму кај Галатасарај.

 

 

Се вчитува...