„ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА“ – Барселона не е ист тим без Педри

Барселона полека, но сигурно повторно се враќа на старите патеки и очигледно само момент на инспирација беа убедливите победи кои ги врзаа. Каталонците синоќа загубија на домашен терен од Кадиз со 0-1 и дефинитивно се простија од титулата во Ла лига.

Еден од најдобрите фудбалери на Барселона, Педри поради повреда ја заврши сезоната, а уште на првиот меч се виде колку е значаен за тимот на Чави Хернандез. Имено, кога Педри е во тимот на Каталонците тие имаат процент од 89 победи, додека кога го нема во тимот само на 49 отсто од натпреварите победиле.

 

 

Се вчитува...