„ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА“ – Бензема рамо до рамо со легендарниот Раул

Реал Мадрид стигна до уште една убедлива победа во шпанското првенство откако во 36. коло славеше против Леванте со убедливи 6-0. Покрај новите три бода, „белите“ имаа и дополнителен мотив за славје со оглед на тоа што Карим Бензема со голот во 19. минута се изедначи со легендарниот Раул по бројот на постигнати голови за „кралскиот“ клуб.

Францускиот голгетер сега има 323 постиганти голови за Реал Мадрид и го дели второто место со Шпанецот, а до крајот на сезоната ќе има шанса и да го престигне. На врвот на листата се наоѓа Кристијано Роналдо со 450 гола, а дали истите ќе бидат тежок залак за искусниот напаѓач останува да видиме.

Се вчитува...