„ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА“ – Бензема влезе во „кралската“ историја

Карим Бензема синоќа уште еднаш ја покажа својата класа, откако успеа да го постигне победничкиот гол на натпреварот против Севиља во големиот пресврт кој го приредија „кралевите“ (2-3). Тоа беше 217. гол на Французинот во Ла Лига во дресот на Реал Мадрид и тој веќе се најде на трето место на листата на најдобрите голгетери во клупската историја, надминувајќи го и легендарниот Алфредо ди Стефано кој има 216 голови.

Рекордер се уште е Кристијано Роналдо со 311 голови, а втор на вечната листа со 228 гола е Раул.

Инаку, Бензема со голот синоќа забележа и личен рекорд во шампионатот на Шпанија. Тој вчера го запиша 25. гол во 28 натпревари оваа сезона во Ла Лига што е негов рекорд во досегашните настапи во шпанската лига.

Се вчитува...