„ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА“ – Бруно Фернандеш го престигна Дејвид Бекам

Атлетико Мадрид и Манчестер Јунајтед ремизираа со 1-1 во осминафиналниот натпревар од Лигата на Шампионите. „Јорганџиите“ поведоа уште во 7. минута преку Жоао Феликс, додека „црвените ѓаволи“ го изедначија резултатот во 80. минута преку Еланга при асистенција на Бруно Фернандеш.

Со неа Португалецот испиша историја како единствениот играч во елитното фудбалско натпреварување кој успеал да запише асистенции во шест натпревари во низа, настапувајќи за англиски тим. Со истото го престигна и рекордот на Дејвид Бекам од 1998 година.

Се вчитува...