ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА – Букајо Сака како никој друг во историјата на ЛШ

Арсенал го потврди своето учество во разигрувањето за титула во Лигата на Шампионите откако во петтото коло славеше на домашен терен против Ленс со убедливи 6-0 во натпревар во кој Букајо Сака се запиша во листата на стрелци, а и асистираше до Габрил Жесус за вториот гол на „топџиите“.

Со тоа младиот Англичанец се запиша во историјата на најсилното фудбалско натпреварување како единствен кој досега успеал да постигне гол и асистира на првите три домашни средби. Претходно Сака успеа да стигне до истот учинок и во средбите против Севилја и ПСВ.

Се вчитува...