ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА: Дарко Велковски е најдобар дефанзивец во Хрватска во есенскиот дел

Ова е период во кој во поглемиот дел од првенствата, особено оние на Балканот, се завршени, па се сумираат впечатоците, се собираат податоци, статистики за одиграното досега. Пауза, па подоа подготовки и пролетен дел во кој во Хрватска Динамо, Ријека и Осијек влегуваат со ист број бодови, а Хајдук има пет помалку.

Во секој случај се очекува интересен шампионат, а во првиот дел од сезоната Дарко Велковски доминира во еден сегмент.

Тоа е играч со најмногу пресечени топки, односно вкупно 50, додека далеку под него се Шкориќ и Марина со по 44. Велковски исто така не одигра неколку натпревари поради повреда, инаку оваа статистика ќе беше далеку подобра.

Сепак, шпекулациите велат дека можеби Велковски нема да ја заврши сезоната во Хрватска и ќе се пресели во Грција во таборот на АЕК. Неговиот договор со Ријека истекува во јуни 2022 година.

Се вчитува...