„ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА“ – Деклан Рајс по стапките на Френк Лампард

Вест Хем Јунајтед по долга пауза му се врати на европскиот фудбал и со победа од 2-0 на гостувањето во Загреб против Динамо ја отвори новата сезона во Лига Европа. „Чекичарите“ поведоа преку Антонио во 22. минута, а конечниот резултат го постави Деклан Рајс во второто полувреме.

Покрај победата лондонскиот тим одбележа и јубилеј откако Деклан Рајс со 22 години и 245 дена стана вториот најмлад играч на тимот кој постигнал гол во европските натпреварувања по Френк Лампард (21 година и 88 дена). Интересно е тоа што и двата рекорда се постигнати против хрватски тимови, Рајс стрелаше против Динамо, додека Лампард против Осиек во сезоната 1999/2000.

Се вчитува...