„ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА“ – Џејмс испиша нова страница од историјата на НБА кошарката

Тимот на ЛА Лејкерс ја продолжи црната серија во новата сезона од НБА. Овојпат загубија во пресметката со Минесота тимбервулфс (102-111), петти пат во петтиот меч по ред.

Сепак, во целото сивило мала утеха е новото остварување на Леброн Џејмс, кој одново влезе во историјата на најсилната лига на светот, како кошаркар со најмногу средби во кои постигнал повеќе од 20 поени – вкупно 1.135.

Со тоа, „Кралот“ го престигна легендарниот Карл Мелоун, кој сега има еден меч помалку со оваа статистика.

Се вчитува...