Норвешкото „чудо од дете“, Ерлинг Халанд овој прекар го доби по потврдата на својот квалитет во Лигата на Шампионите кога на првите пет меча во елитното натпреварување постигна осум погодоци во дресот на Салцбург, но од вчера овој податок има и нов рекордер во Себастијан Халер.
Германскиот голгетер кој игра во неверојатна форма оваа сезона блесна и на дуелот против Бешикташ каде шансата која ја доби од клупата во 46. минута ја круниса со гол осум минути подоцна. Истиот за него е деветти во Лигата на Шампионите со што го надмина рекордот на Халанд по бројот на постигнати погодоци во првите пет меча.
Халанд во првиот меч против Спортинг постигна четири гола, а во следните три уште по еден – против Бешикташ и два против Борусија Дортмунд за комплетирање на учинокот на вчерашниот натпревар против турскиот тим.
Sebastien Haller's first five #UCL games are simply ridiculous! 🔥🔥🔥
His nine goals tops Erlin Haaland's eight goals in five games at Salzburg in 2019… pic.twitter.com/yoGMzDYUm1
— Football on BT Sport (@btsportfootball) November 24, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА