„ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА“ – Елмас го постигна вториот најбрз гол за Наполи во мечевите против Милан

Елјиф Елмас е херој на Наполи откако синоќа беше стрелец на победничкиот погодок во мечот против Милан (0-1) во дерби натпреварот од 18. коло во италијанската Серија А. Македонскиот дијамант на одличен начин се снајде во 5. минута во противничкиот шеснаесетник и со глава го матираше голманот на Мањан.

Ова за Наполи е втор најбрз гол против Милан во историјата, а претходно само побрзо од македонскиот репрезентативец стрелаше Ѓокан Инлер во 2015 година.

 

 

Се вчитува...