„ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА“ – Халер е новиот Кристијано Роналдо

Холандски Ајакс со максимален учинок ја заврши групната фаза во Лигата на шампионите. Шампионот на Холандија одигра неверојатно во групата против Спортинг Лисабон, Борусија Дортмунд и Бешикташ, а еден од најголемите виновници за одличната форма е напаѓачот Себастијан Халер.

Фудбалерот од Брегот на Слоновата Коска успеа да постигне гол на сите натпревари во групната фаза и со тоа да стане само вториот играч во историјата по Кристијано Роналдо кој во сезоната 2017/2018 стрелаше на сите натпревари во групата за Реал Мадрид.

Вечерва ќе бидат познати преостанатите патници во осминафиналето во Лигата на шампионите.

Се вчитува...