ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА – И повторно, никој како Кристијано Роналдо

Португалија синоќа стигна до убедлив триумф над Луксембург со 5-0 во квалификациите за Светското првенство 2022 во Катар.

Повторно прво име во португалската репрезентација беше Кристијано Роналдо кој постигна хет-три. Ова за асот на Манчестер јунајтед е вкупно 115 интернационален гол, а десетти хет-три со кој повторно е осамен на врвот на листата.

 

Се вчитува...