„ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА“ – Каде е одбраната на Лестер во Европа?

Англискиот премиер-лигаш, Лестер одигра само реми 1-1 против Локомотив Москва во 4. коло од Лигата на Европа. Премиер-лигашот има големи проблеми во одбраната кога се во прашање натпреварите во Европа.

Вчерашниот примен гол против рускиот тим го доведе тимот до дури деветти натпревар во низа во кој не успеваат да го зачуваат голот во европските натпреварувања, а во полседните петнаесет дуели само еднаш успеале во тоа.

Дефинитивно Брендан Роџерс ќе мора да размислува на засилувања кога е во прашање последниот ред во тимот.

 

Се вчитува...