ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА: Камавинга на 20 години влезе во историја

Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Едуардо Камавинга ги освои сите можни трофеи со клубот, иако има само 20 години. На Камавинга му недостасуваше само пехарот од Купот на Шпанија, и тоа му успеа со вчерашната победа од 2-1 над Осасуна.

Интересно е тоа што Камавинга ги освои сите трофеи за само две години колку што е дел од „кралевите“. За ова време Камавинга веќе ги освои титулата во Шпанија, Суперкупот, Купот на кралот, титулата во Лигата на шампионите и од светското клупско првенство.

Младиот играч може да се пофали и со освоен Куп на Франција со Рен, а на репрезентативната сцена беше дел од француската селекција кога оваа репрезентација го освои трофејот во Лигата на Нации.

Се вчитува...