„ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА“ – Килијан Мбапе е најдобриот фудбалер моментално во светот

Пари Сен Жермен во еден луд натпревар стигна до победа од 1-0 против Реал Мадрид во првата рунда од осминафиналниот меч во Лигата на шампионите.

Иако „светците“ беа многу подобар противник од „кралевите“ и требаше да стигнат и до поубедлива победа, на крајот мора да се задоволни и со овој триумф бидејќи дојде во самиот финиш на натпреварот.

Килијан Мбапе донесе голема победа за Французите со гол во 94. минута и уште еднаш покажа дека во моментов веројатно е најдобар фудбалер во светот. Мбапе е инволвиран во барем еден гол за ПСЖ во последните седум натпревари од Лигата на шампионите што е неверојатна низа.

 

Се вчитува...