ПСЖ дополнително ја зголеми предноста на врвот на табелата во француското првенство откако во 26. коло славеше над Сент Етијен по целосен пресврт предводен од Килијан Мбапе кој ја тресеше мрежата во 42. и 46. минута.
Со двата гола младиот Французин го престигна Златан Ибрахимовиќ на врвот на листата по бројот на постигнати голови во дресот на „светците“ во сите натпреварувања со 156 гола. Килијан Мбапе со златни букви ќе биде запишан во историјата на клубот од Париз, но останува да видиме дали ова лето ќе ги промени боите во потрага по нови рекорди.
156 – Kylian Mbappé equals Zlatan Ibrahimovic as Paris’ second all-time top scorer in all competitions, with 156 goals. Historical. #PSGASSE pic.twitter.com/TwSSFMR4ms
— OptaJean (@OptaJean) February 26, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА