„ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА“ – Кристијано Роналдо продолжува да урива рекорди

Кристијано Ронадло се врати во редовите на Манчестер Јунајтед и продолжи да ги поместува границите. Португалскиот ас кој беше херојот на „црвените ѓаволи“ на вчерашниот дуел против Вилјареал во ЛШ откако во 95. минута донесе победа на својот тим од 2-1.

Со тој гол Роналдо воедно се изедначи со Серхио Агуеро на листата на постигнати погодоци по 90. минута кои донеле победа за тимот. Сега двајцата имаат по три.

Покрај тоа на вчерашниот натпревар Португалецот стана и вториот најстар играч на Манчестер Јунајтед кој успеал да постигне гол во европско натпреварување на „Олд Трафорд“ со 36 години и 236 дена по Брајан Робсон (36 години 282 дена).


А, воедно го премина и Икер Касиљас на листата по бројот на настапи во Лигата на Шампионите со 178 истрчувања на теренот зад себе.

Се вчитува...