„ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА“ – ЛШ во знакот на Томас Милер, „убиецот“ на Барселона

Баерн Минхен продолжува да биде „страв и трепет“ за Барселона, а Томас Милер енигма за Марк Андре Тер Штеген. Поранешниот германски репрезентативец вчера го започна „тонењето“ на каталонците со гол во 34. минута, а интересно тој е само еден од осумтте погодоци кои напаѓачот ги постигна против шпанскиот гигант во последните седум меча.

Со тоа Милер стана единствениот фудбалер кој успеал да постигне толку голови во мрежата на Барселона во Лигата на Шампионите, но и единствениот Германец кој ја надмина границата од 50 постигнати голови во најсилното фудбалско натпреварување.

Се вчитува...