„ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА“ – Лук де Јонг е „џокерот“ на Чави

Барселона во еден и повеќе од луд натпревар синоќа славеше со 2-3 на гостувањето кај Леванте во 31. коло во шпанската Ла лига. Иако имаше три пенали против нив, Каталонците повторно успеаја да се изборат со сите проблеми и да стигнат до нова победа под водство на Чави Хернандез.

Херој за Барселона беше Лук де Јонг кој го постигна победничкиот погодок 92. минута. Клубот од Каталонија освои дури шест бода сезонава со головите на Холанѓанецот вкупно шест, а последните три му се во 90. минута или судиското продолжение.

 

 

Се вчитува...