„ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА“ – Мајами го нема победено Денвер од 2020 година

Денвер Нагетс и Мајами Хит ќе се сретнат во финалето на НБА лигата. Тимот од Флорида го совлада Бостон во седмиот натпревар од источното финале и се пласираше во големото финале.

Трикратниот НБА шампион е во серија од дури шест порази од Денвер, а последен пат славеа во 2020 година во таканаречениот „балон“.

Во двата дуели сезонава Денвер победи со 114-119 во Мајами и 112-108 на домашен терен во Колорадо. На првиот меч Јокиќ имаше трипл-дабл од 19 поени, 12 скока и 12 асистенции, а и на вториот оствари трипл-дабл: 27 поени, 12 скока и 12 асистенции.

Се вчитува...