ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА – Македонија првпат даваше голови на сите гостувања во едни квалификации

Македонскиот национален тим вчера постигна пет гола против Ерменија, и со тоа ги заврши гостувањата во овие квалификации. И сите ги заврши со стил – со постигнати минимум по два гола.

Македонија досега не одиграла квалификации во кои погодила против сите противници на нивен терен. На гости секогаш Македонија имала проблеми, но не е така во овој циклус кој го заокруживме со втората најубедлива победа во квалификациите, после онаа против Лихтенштајн од 1:11.

Македонија даде два гола на Романија во поразот од 3:2, потоа на Германија два во триумфот од 1:2. Па со Исланд на гостински терен два гола, следуваше и гостување во Лихтенштајн кој го совладавме со 0:4, и сега со Ерменија победа од 0:5.

Воедно, Македонија ги игра вторите најефикасни квалификации во историјата. Во 1998 година тогаш постигна 22 гола, а досега пред последниот меч со Исланд, нашата селекција има 20 голови, и секако може да бидат историски и во тој поглед.

Се вчитува...