„ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА“ – Манчестер јунајтед не е единствениот англиски тим кој си дал два автогола

Фудбалерите на Манчестер јунајтед одиграа 2-2 на домашен терен против Севилја во првиот натпревар од четвртфиналниот двомеч во Лигата на Европа.

„Црвени-ѓаволи“ може да жалат бидејќи со двата гола на Сабицер до 85. минута имаа водство од 2-0. Сепак, автоголовите на Маласија и Мегваер, доведоа Севилја на крајот да успее да стигне до 2-2.

Имено, Јунајтед не е единствениот англиски тим кој си дал два автогола на еден натпревар од нокаут фазата во Европа. Ова претходно му успеало на Челси во 2019 година и тоа против Ајакс предводен од Ерик тен Хаг.

 

Се вчитува...