„ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА“ – Меси не е во голгетерска форма, но дефинитивно среќата е главен фактор за тоа

Лионел Меси конечно се запиша во листата на стрелците во 2022 година откако погоди во вчерашната убедлива победа на Пари Сен Жермен на гостувањето кај Лил од 1-5. Аргентинецот сезонава не е во некоја голгетерска форма во дресот на „светците“, но ако ги погледаме подобро бројките дефинитивно среќата е еден од главните фактори за тоа.

Имено еден од најдобрите фудбалери на сите времиња сезонава дури седум пати ја погодуваше стативата или пречката со што е рекордер во топ 5 лигите во светот. Интересно е што трет на листата е Полјакот, Роберт Левандовски со кого ги поделија најважните индивидуални награди во светот на фудбалот во 2021 година.

 

Се вчитува...